КУД „Нико Пусоски“ слави 65 години постоење

Чуварите на македонската народна песна и игра од Кичево и кичевско, КУД „Нико Пусоски“ деновиве одбележуваат 65 години постоење, јубилеј со кој ретко кое друштво во Македонија може да се пофали.

По тој повод оваа сабота во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево со почеток во 19 часот друштвото ќе одржи свечен концерт и ги поканува сите да присуствуваат на овој свечен настан.

Оформени во далечната 1947 година, друштвото го зема името на народниот херој од Кичево, Нико Пусоски. Оттога досега одржале неброени концерти и којзнае колку пати нивното оро ја обиколило планетата. Преку нивната песна и игра се зачува традицијата на нашите предци, а на светот му го презентираа културното богатството на Македонија и Кичево. Многу генерации на кичевчани тука ги научија првите чекори на македонските ора и игри.

Со подеми и падови, тешкотии и поддршка, КУД „Нико Пусоски“ опстојува се до денес пренесувајќи го наследството на најмладите генерации кичевчани и промовирајќи го Кичево во светот.

Им посакуваме уште многу години опстојување, многу концерти и уште поголем број на играорци!

 

Поврзете се со КУД „Нико Пусоски“ на Facebook, тука

Facebook настан за концертот, тука