Ракометарките од Кичево10 ја извојуваа втората есенска победа
Во натпревар на две крајно изедначени екипи, Кичево 10 го совлада тимот на Кожувчанка со 19-18 и се реваншира за поразот од истиот противник во неговата сала.
Од самиот почеток домашната екипа го контролираше резултатот и имаше континуирано водство од 2 до 3 гола разлика, за во 50 минута да ја има највисоката предност од четири гола, која се чинеше дека ќе биде доволна и за конечен триумф. Но во самиот финиш домаќинките прокоцкаа неколку контра напади, што беше искористено од страната на штипјанки и во последната минута се влезе со нерешен резултат.
На 10 секунди пред крајот на натпреварот беше направен пенал за домаќинките, кој Ходак го претвори во конечен триумф на Кичево 10. И на овој натпревар најдобри и најефикасни во домашниот состав беа Ходак со 7 и Митаноска со 8 голови ,додека во гостинската екипа Златкоска со 8 погодоци беше најдобриот играч. Интересно е да се напомене што на ова гостување штипјанки имаа подршка од трибините , бидејќи во Кичево допатуваа голем број нивни фанови.
Зоран Антоски
Извор: http://www.sportefe.com.mk