ФОТО: Забрзано се работи на улицата Александар Македонски – тротоарите скоро готови

Привршуваат работите од првата фаза на комплетната реконструкција на улицата Александар Македонски во централното градско подрачје. Полека но сигурно улицата го добива конечниот лик. Тротоарите се скоро целосно завршени, а при крај се реконтрукцијата и поставување на нови и современи водоводни, електрични и телефонски инсталации. Поради лошите решенија од минатото кога се поставувале овие инсталации нивната замена одеше полека и работите се одложија. Со завршувањето на оваа фаза завршувањето на работите ќе оди побргу и наскоро Кичево ќе добие нова убава улица која ќе го разубави централното градско подрачје.