Изложба „Кичево низ разгледници“

Од 15-ти ноември во Националната установа Музеј „Западна Македонија во НОВ“ – Кичево ќе биде отворена изложбата  „Кичево низ разгледници“. Ова е уште една добра можност да се ѕирне во минатото на градот. Голем број на стари фотографии и разгледници од Кичево беа поставени од кичевчани на Facebook страната на Кичево (http://www.facebook.com/Kicevo) во албумот „Кичево некогаш“ на покрај првичните објаснувања се споделија и многу коментари за минатото на нашиот град. Изложбата е одлична можност да се видат нови разгледници и фотографии како и да се дознае нешто повеќе за оние кои веќе ги знаеме.

Изложбата ќе се отвори во 19 часот и ќе биде отворена за сите посетители во следниот период. Посетете ја!

Facebook настан, тука.

Exit mobile version