„Мадам“ Олбрајт си заработи кривична за ширење на расна нетрпеливост

Откако активисти ја извадија од контакт на промоција на нејзината книга во Прага нарекувајќи ја „Крвава баба“, популарната „мадам Олбрајт“ ги нарече, ни помалку ни поваќе, „одвратни Срби“.  По ова, активистите и поднеле кривична за ширење расна нетрпеливост.

На видеото кое беше објавено по инцидентот, се гледа дека Олбрајт се налути на активистите на здружението „Пријатели на Србите на Косово“ кои на промоцијата на нејзината книга „Прашка зима“, за потпис и дадоа и плакати со фотографии од жртви за време на конфликтот на Балканот, кога таа беше на функција.

На видеото се гледа дека активистите се туркаат со луѓето од обезбедувањето и ја обвинуваат Олбрајт дека крвавите настани од косовскиот конфликт се нејзино дело исто како и книгата која ја напишала за нејзиното детство во Прага.

– Вие се однесувате како фашисти! Тоа е воен злосторник! Тоа е крвава жена!,- извикуваа активистите кон Олбрајт.

Олбрајт отпрвин не реагираше, но подоцна изнервирано стана и им се обрати со зборовите „Надвор! Одвратни Срби!“

Според Вацлав Дворжак претседател на Здружението, со кривичната пријава против екс-државната секретарка на САД, сакаат да потсетат дека Олбрајт е против Србите уште од оддамна.

– Таа е симбол на растечката противсрпска пропаганда во времето на војната во Косово, изјави Дворжак за порталот „Иднес“. Тој додаде дека нејзините зборови  „Одвратни Срби“ се однесуваат не само на активистите туку и на целиот српски етникум.

– Било какво ширење на етничка омраза од устата на поранешна високо поставена политичарка, која исклучително се ангажираше во интервенцијата на НАТО во балканскиот конфликт, го сметаме за израз на цинизам и непочитување кон сите жртви се вели во соопштението кое го испратија од „Пријатели на Србите на Косово“.

Exit mobile version