Кичевската болница вработува 11 лица

ЈЗУ Општа болница Кичево има потреба за прием на здравствени работници на неопределено работно време и тоа:
– 3 (три) доктори на медицина
– 1 (еден) медицински лаборантски аналитичар
– 5 (пет) медицински сестри-техничари и
– 2 (две) акушерки
Покрај општите услови предвидени зо Законот за здравствена заштита:
– да е државјанин на Република Македонија,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност и
– да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење на професија, дејност или должност
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: За работното место од точка 1 треба да:
– да имаат завршено високо образование (VII/1 степен) Медицински факултет – стручен назив доктор на медицина,
– положен стручен испит,
– стекнато лиценца за работа и
– да познаваат еден од странските јазици (англиски, француски и германски).
За работното место од точката 2 треба да:
– да имаат завршено Висока медицинска школа и стекнато звање дипломи- ран медицинско лаборантски аналитичар и
– положен стручен испит
-да познаваат еден од странските јазици (англиски, француски и германски).
За работното место од точката 3 треба да:
– да имаат завршено Средно медицинско образование – образовен профил: медицинска сестра-техничар и
– положено стручен испит.
За работното место од точка 4 треба да:
– да имаат завршено средно медицинско образование – образовен профил: гинеколошко-акушерска сестра-акушерка и
– положено стручен испит
Во прилог на пријавата кандидатите треба да ги достават следните документи:
– Доказ за завршено соодветно образование (оригинал или заверена на нотар).
– Уверение за положен стручен испит.
– Лиценца за работа.
– Уверение за државјанство.
– Уверение дека не му е изречена со правосилен одлука забрана на вршење на професија, дејност или должност.
– Уверение за познавање на странски јазик.
– Фотокопија од лична карта и
– CV.
Кандидатите кои се стекнале со образование во странство покрај горенаведените документи задолжително да достават:
– Решение од Министерство за образование и наука на РМ за признавање на високо-образовна квалификација стекната во странство и
– Документ за еквиваленција на оценките издадени од Министерство за образование и наука на РМ.
Пријавите се доставуваат во архивата на ЈЗУ Општа болница – Кичево или на адреса ул. „Маршал Тито” бр. 42 Кичево.
Огласот трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето (13 ноември). Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.

Exit mobile version