ФОТО: Македонец од Кичево од 1903 година во руски весник

„Македонецот од Кичево, Битолски вилает“. Вака гласи описот на една слика од рускиот весник „Весник и библиотека за самообразование“ од 1903 година. До него стои слика на „Македонец од Битола“. Фотографиите се сликани во предилинденскиот период и можно е да се за некоја година постари. Непознатиот маж од Кичево е сликан во карактеристична носија за тоа време.

Во време кога Македонците се негирани како народ, ова е уште еден доказ за македонската посебност, забележана во овој руски извор. Очигледно човекот од сликата добро знаел што е иако живеел во времето кога пропагандите на соседните балкански држави го земале најголемиот замав. Во ова време во Кичево била особено активна српската и грчката пропаганда која, за воља на вистината, немала некој значителен одзив, благодарение најмногу на активноста на градската организација на ТМОРО и монаштвото и свештенството од манастирот Пречиста.  За жал, неможеме да дознаеме што точно пишува во текстот.

Голема благодарност до Влатко Билески кој ни ја достави сликата.

Exit mobile version