Паркирајте во дневна!

Бројот на паркинг-места во Сингапур е ограничен и сопствениците на автомобили стравуваат да ги остават на паркинг, за што на помош „пристигнале“ дизајнери.

Сопственик на исклучително скап автомобил во дел од градот со ексклузивни станови сега својот автомобил може да го паркира – во дневната соба.

Хамилтон Паркс е зграда во Сингапур со 30 станови кои чинат меѓу шест и 15 милиони фунти. Поради фактот дека паркинг-местата се ограничени, дизајнерите иновативно го решиле проблемот – наместо на „нормален“ паркинг, станарите на зградата своите автомобили може да ги паркираат во зградата, во својата дневна соба.

Exit mobile version