Само во Русија: Патници туркаат авион за да запали (видео)

russia-plane-passengers-starting

Тоа што моменталната температура е -52 степени под нулата ич не им пречи на патниците кои излегле да го турната авионот чии тркала се залепени на снегот.

74-те патници самите му предложиле на екипажот да го „поттурнат“ авионот Тупољев Ту – 134 за да може да полетаат, изјавил член на компанијата UTair за руската новинска агенција Итар Тасс. Авионот е тежок „само“ 70 тони.

Температурата во градот Игарка кој е 163 километари северно од арктичкиот круг се спуштиле до -52 степени целзиусови. На авионот кој на пистата поминал 24 часа му се смрзнале тркалата, но системот за кочење останал во добра состојба.

rusija avion

Во секој случај, авионот стигнал со мало задоцнување во Краснојарск.