Пипан: Десет пати ја гледав снимката, на Македонија и е нанесена голема неправда

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација синоќа на прес-конференцијата не сакаше да ги коментира спорните моменти во завршницата од мечот со Црна Гора, пред да ја погледне снимката, но денеска јавно ја искажа разочараноста од одлуката.

– Ја погледнав снимката десетина пати и многу сме погодени и разочарани. Се случи голема неправда. Судијата најпрво го призна кошот, а потоа под притисок на другите двајца судии ја промени одлуката. Не знам зошто таква одлука и зошто ФИБА Европа не реагираше. Професионалци сме и затоа сега брзо треба да заборавиме на нервозата и да се фокусираме на натпреварот со Литванија кој за нас ќе биде своевиден поправен испит, е изјавата на Пипан пренесена на официјалната веб страна на МКФ.

Македонија вчера во 1.коло од групата Б на ЕП загуби од Црна Гора со 81:80 по непризнаен победнички кош во последната секунда.

Вечерва од 21 часот противник на македонските кошаркари ќе биде селекцијата на Литванија која исто така со пораз го започна Евробаскетот во Словенија. во вториот меч од групата.