По Кичево, и Струга со ладни училници

Откако скоро 2 недели учениците на кичевските училишта „Др. Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски – Питу“ не посетуваат настава, денес на ваков чекор се одлучија и учениците и родителите од струшкото училиште „Јосип Броз – Тито“ и подрачните училишта во Мислешево и Враништа.

Родителите се одлучија да не ги пуштаат децата да учат во ладни училници се додека не се обезбедат услови за нормално следење на наставата.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, пак, тврди дека училиштата веќе почнале да се снабдуваат со нафта. Општината со сопствени средства се нафатила да ги снабди училиштата.

Во Кичево проблемот со греењето на училиштата останува. Учениците и понатаму седат дома, наместо да посетуваат настава. На средбата на која родителите ја имаа со градоначалникот Фатмир Дехари не беше најдено решение и наставата во кичевските училишта и натаму е во прекин.

Exit mobile version