Почина Марјан Ристески – Роко

Познатиот и почитуван планинар од Кичево кој доби многу битки со планинските врвови во Македонија и ширум светот, вчера ја изгуби битката со тешката болест. Почина Марјан Ристески – Роко, основачот на Спортското планинарско друштво „Два Камна“ од Кичево…

Еден од потажните денови за клубот…. Основачот на клубот и главниот инспиратор за наше заедничко другарување по планините Марјан Ристески РОКО нажалост повеќе не е меѓу нас, ја загуби борбата со тешката болест …. Почивај во мир пријателе никогаш нема да бидеш заборавен …. (СПД „Два Камна“ – Кичево)

Ристески беше роден во 1967 година. Како страстен планинар искачи многу врвови, а во 2011 го искачи и покривот на Европа – Мон Блан.

Нашето длабоко сочуство до неговото семејство и пријателите кои ги имаше многу…  Почивај во мир!

Еден и единствен Роко

Exit mobile version