Бесарт Ибраими подари спортска опрема за ФК Напредок

Македонскиот интернационалец во Украина, Бесарт Ибраими, деновиве го поднови кичевскиот прволигаш Напредок, подарувајќи по 30 тренерки за тренинг и исто толку за патувања и прошетки, како и 30 јакни и комплет спортски маици.

Со тоа Ибраими сакаше да му се оддолжи на клубот, каде што го почна својот фудбалски поход.

– Уште при првото заминување во Германија голема желба ми беше да му се оддолжам на клубот во кој почнав да играм фудбал и каде што поминав незаборавни 12 години. За таа цел ја подарувам оваа опрема, која е само дел од моите планови, во текот на летото да му подарам на Напредок и повеќе комплети дресови и шорцеви. Сеќавањата никогаш нема да избледат и секогаш ќе се присетувам на времето кога целиот стадион го скандираше моето име – рече дарежливиот Ибраими.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија