Поевтинува струјата?

Од јуни поевтинува струјата. Не се знае за колку. Новата цена треба да биде пресметана во јуни кога РКЕ ќе ги разгледа податоците добиени од трите енергетски компании, јави вечарва телевизијата Алфа.

Втора година по ред енергетските капацитети во земјава бележат зголемување на производството на струја што се должи пред се на поволната хидролошка состојба на македонските водотеци. Со тоа се намалува потребата од увоз на струја која беше 30% од вкупните потреби на Република Македонија.

Само за илустрација, во март годинава хидроелектраните произвеле 208,7 гигават часа, за разлика од истиот месец лани кога биле произведени само 55 гигават часа. Дополнително, во Богданци се гради вториот по големина ветро парк на балканот кој треба да биде отворен наскоро. Се очекува да биде готов 2014 година.

Доколку Македонија се потпре на прозиводство на струја од обновливите извори на енергија како водата, ветерот и сончевата енергија, земјава од увозно зависна може да стане извозник на електрична енергија.