Полугодишен концерт на КУД Младост-Кичево

Во сабота 1 јуни по 14 пат КУД„ Младост “Кичево, ќе го одржи традиционалниот полугодишен концерт, со што ќе ја продолжи традицијата на циклично претставување пред домашната публика.

-Претстојната сабота по 14-ти пат ќе го одржиме традиционалниот полугодишен концерт. На полугодишниот концерт ќе се претставиме со четирите категории игроорци од нашето друштво, почнувајќи од најмладите па се до највозрасните. На програмата ќе биде опфатен широк репертоар на игри а како неизбежни се секако сплетовите Ѓурѓовден, Водици, Калајџиско, игри од Источна Македонија и други.

За оваа прилика специјален гостин ќе ни биде Ѓорѓи Мојсоски пејач и помагател на фолклористите од Кичево на привремена работа во Шведска. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот а како по традиција очекуваме салата од Центарот за култура да биде претесна за да ги прими сите оние на кои нашето друштво им е при срце-рече Зоран Јовески, претседател на друштвото.

Зоран Антоски

Exit mobile version