Поранешните фудбалери на Напредок Глишиќ и Митрески, шампиони на Грузија и Азербејџан

Дека Напредок отсекогаш бил расадник на големи фудбалски имиња, најдобра потврда се  Дарко Глишиќ – Динамо Тбилиси и Игор Митрески-Невчи Азербејџан. Тие со своите екипи годинава станаа државни прваци на Грузија и Азербејџан, и не само што освоија шампионски титули со своите екипи, туку Глишиќ успеа со двојна круна да го заврши првенството на Грузија,бидејќи покрај титулата државен првак  го освои и Купот на Грузија и оствари резултат над сите очекувања.

-Среќни сме што некогашните наши фудбалери Игор Митрески и Дарко Глишиќ имаа супер  успешна првенствена сезона во Азербејџан и Грузија. Убаво е сознанието кога ќе прочитате во нивната фудбалска биографија, дека дел од својата играчка кариера  ја поминале  во нашиот клуб. Сигурно и кај нас научиле дел од фудбалската игра, која денес ги лансира толку високо во интернационални рамки- вели Ило Божиноски од раководството на Напредок.

Зоран Антоски

Exit mobile version