Порано беше врвулица од луѓе, а сега…

Вторник, 5 попладне. Кафе во Квадрат. Порано ова време почнуваа да се пуштаат од гимназија. Оние што претходно му ја дувнале од последните часови, веќе порачуваа второ кафе пред фајронт дома. 

Луѓето од работа седнуваа на кафе пред да заминат дома. Постарите излегуваа да прошетаат на топлото прочетно време. Најчесто со внуците.

А сега е вака… Нема луѓе, нема џагор. Изгледа остана само белиот багрем кај поранешно Стефано да да сведочи како беше некогаш.

Exit mobile version