Пораз на Зајас во дебитантскиот второлигашки натпревар

Екипата на Зајас својот премиерен натпревар во друштвото на второлигашите го имаше кај повратникот во оваа лига, Борец Велес. Зајас загуби со 2:0 и покрај добрата игра во првото полувреме, кога кичевскиот второлигаш можеше со водство да го заврши овој дел од натпреварот.
Така што уште во 5-та минута гостите ја погодија стативата од домашниот гол, имаа уште неколку сериозни прилики за гол, но нивната неефикасност придонесе на полувреме  да се отиде со почетниот  резултат. Во второто полувреме многу подобро издание на домашниот состав,а како резултат на таквата игра дојдоа и двата гола кои им донесоа три почетни бода. И во второто првенствено коло екипата на Зајас игра на гостински терен.
Текст и фото: Зоран Антоски