Постдипломски студии за Нутриционизам и Управување со квалитет и безбедност на храната во Кичево

Технолошко – техничкиот факултет Велес, со дисперзирани студии во Кичево и Битола, после четиригодишните додипломски студии, им овозможува на сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат предвидените услови, од септември да се запишат на постдипломски студии на двете студиски програми Нутриционизам и Управување со квалитет и безбедност на храната.

Технолошко-техничкиот факултет Велес со својата современа програма ги исполнува сите технички и просторни услови за работа, а наставата ја врши квалитетен кадар.

Постдипломските студии по студиската програма Нутриционизам се акредитирани како едногодишни (2 семестри)  и како двегодишни (4 семестри).

Постдипломските студии по студиската програма Управување со квалитет и безбедност на храната се акредитирани како едногодишни (2 семестри).

Магистерските студии ќе можат да ги пополнат квоти по 75 студенти во двете студиски програми.

Сите заинтересирани кандидати за дополнителни информации, може да се информираат на телефонот 045-220-320 или на ВЕБ страната на факултетот – www.ttfv.uklo.edu.mk

Exit mobile version