Делумно опожарена црквата Света Петка во село Велмевци

Вчера претпладне во полициска станица Демир Хисар Ј.Ф.(76) од селото Велмевци се јавил и пријавил дека на 7 декември околу 13 часот засега непознат сторител подметнал пожар во внатрешноста на црквичето „Света Петка“ лоцирано во атарот на селото Велмевци.

Во пожарот изгорени биле 2-3 икони и опожарена била внатрешноста на црквата. МВР го истражува случајот.

Exit mobile version