Пожарот над Иванидол ставен под контрола

Пожарот кој вчера околу 15 часот избувна над населбата Иванидол во Кичево, по 24 часовна борба конечно е ставен под контрола. Благодарение на интервенцијата од воздух на двата армиски хиликоптери и авионот канадер во текот на претпладнето, работниците од Шумското стопанство „Лопушник“, ТППЕ Кичево, локалните власти и сите структури кои беа вклучени во оваа акција, огнената стихија повеќе не е закана за Кичево и околината.
– Иако пожарот е ставен под контрола, сепак екипи од ШС Лопушник, ТППЕ Кичево, ќе бидат на терен и во наредните саати и за сето време ќе вршат надзор над опожарениот простор, како не би дошло до повторно активирање на пожарот. Беше потребно во текот на денот да бидат ангажирани двата армиски хилихоптери и авионот канадер до пладне, кои заедно со останатите структури  што делуваа од земја, за пожарот конечно да биде ставен под целосна контрола. Ако е потребно во текот на утрешниот ден повторно ќе се интервенира, но ние се надеваме дека оваа огнена  стихија е смирена – рече Драгољуб Попоски, од Дирекцијата за заштита и спасување.
Инаку чадот што се гледа во просторот каде што беше жариштето е од дрвата кои сеуште тлеат, поради силината на огнот кој беше присутен во изминатото деноноќие.
Зоран Антоски
Exit mobile version