Познат идентитетот на загинатите момчиња

Полицијата го утврди идентитетот на загинатите момчиња во тешката сообраќајка во Кичево која се случи утринава. Станува збор за Мурат А. (25), Адмир В. (25) и Јетон Е. (25).

Двајцата полесно повредени момчиња се Г.С. (27) и Р.С. (26) кој е пренесен во охридската болница „Св. Еразмо“.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога патничкото моторно возило „Голф“ со кичевски регистарски таблици движејќи се по улицата „Ужичка република“ од железничката станица кон локалниот пат за Крушино, преминало на левата коловозна лента и со предниот дел директно удрило во тротоарот и во бетонски електричен столб по што возилото се извртело и со задниот лев дел удрило во куќа.

Трите починати лица на лице место им подлегнале на повредите. На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од  полициската станица во Кичево.

Во текот на денот, доктор на судска медицина врз телата на починатите ќе изврши обдукција.

Exit mobile version