Правила за фотографија кои треба да се знаат [#5]

Во изминатите четири излагања, каде видовме за настанокот на фотографијата, што е тоа документарна фотографија, како и за преставниците кои се занимавале со документарната фотографија. Редно е сега да проговориме и за правилата како треба една фотографија без разлика со каков апарат и кој ја фотографирал треба да изгледа. Доста важно е да се спомене дека доколку некој сака да се занимава со фотографијата како медиум, без разлика дали ќе има аматерски или професионален пристап, треба да има познавање на ликовните елементи и принципи, која е азбука не само во ликовната уметност туку и во фотографијата.

Некој читајќи го текстов ќе рече, зошто ликовни елементи и принципи? Ликовните елементи и принципи 95% се важни да се направи солидна, технички издржана фотографија, а додека 5% останува на креативноста на самиот автор (фотограф). Поточно треба да се има познавање од насоката, големината, формата, бојата, тонот и просторот, како ликовни елементи, а хармонијата, контрастот, градацијата, рамнотежата, движењето и ритамот, пропорциите, единството и композицијата како ликоцни принципи.

Во следното излагање подетално ќе проговориме за терминот односно ликовниот принцип композиција.

М-р Јован Наумоски

Фото Клуб Пиксел