Во петок краток прекин на водоснабдувањето
Во петок, 19 јули, поради приклучување на новоизградена водоводна линија на Булевар Ослободување и исклучување на старата азбесна водоводна линија, ќе има прекин на водоснабдувањето во централното градско подрачје во периодот 3.30-11.00 часот наутро.
ЈП „Комуналец“ апелира до граѓаните и правните субјекти да обезбедат потребна количина на вода за пиење за сопствени потреби и замолува за разбирање.