Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку Стража

Забраната за сообраќај на тешките товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража е укината утрово во 10 часот и 55 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Остатоци од снег на коловозот се уште има, што го отежнува движењето на возачите и затоа се препорачува приспособена брзина на движење.

Забраната за движење на тешките товарни возила се уште е во сила на патните правци Маврово-Дебар, Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато и на патот Дебар – Струга, поради поголеми остатоци од снег на коловозот.

Од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат на планинскиот превој Ѓавато и патничките возила да употребуваат зимска опрема.

Во железничкиот и авиосообраќајот нема застои. На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани летови.

Exit mobile version