Привршува санацијата на кичевските улици


Во изминатите дваесетина дена извршена е целосна санација на кичевските сообраќајници. Санирани се ударните дупки и сите оштетувања на улиците, предизвикани од долгата зима и пролетните дождови.

Според информациите кои ги добивме од општината, санацијата е во самиот финиш  и до крајот на овој месец,  целосно ќе бидат завршени сите инфраструктурни зафати. За во наредниот период градските сообраќајници да изгледаат сосема пристојно.

Единствено  ќе остане незавршен Булеварот Ослободување, бидејќи на него допрва треба да се изврши намалување на зелениот појас,проширување на улицата и обезбедување
паркинг простор по целата должина. За докомплетирање на Булеварот, истиот ќе биде целосно преасфалтиран, во најава е и поставување на нови канделабри, така што кон крајот на есента најсовремената кичевска сообраќајница ќе изгледа европски.

-Во првата фаза поточно до 10 јули, ќе се изврши стеснување на зелениот појас од градскиот плоштад до раскрсницата со улицата Тане Цалески.Поради летниот одмор на гастрбајтерите и големите гужви низ градот, вториот дел на докомплетирање на Булеварот ќе продолжи кон крајот на август, и според сите прогнози до средината на есента очекуваме финализација на најсовремената градска сообраќајница – рече Рамиз Реџепи, секретар на ЕЛС Кичево.

Tекст и фото: Зоран Антоски

Exit mobile version