Профитабилни работни места на иднината

 

Професиите „урбан земјоделец“, „управувач на беспилотни летала“ или „дизајнер на отпад“ не се плод на фантазијата на некој поуларен автор на научно-фантастично романи, туку занимања кои ќе бидат се побарани во иднината.

И тоа не во толку далечна иднина, доколку се суди според тврдењата ба добрите познавачи на технолошкиот развој. Имено, тие сметаат дека веќе започнал процесот на нови пет професии, кои во иднина ќе бидат многу барани.

– Урбан земјоделец – тоа е некој вид на нов жители од големите градови, кој со помош на модерната технологија ќе се занимава со одгледување на земјоделски производи во урабано опкружување, на ѕидовите и покривите на облакодерите од челик и стакло или длабоко под површината на земја во бетонски бункери.

– Управувач на беспилотни летала – Според проценките на стручни лица од американската федерална водухопловна агенција, до 2018 година по небото ќе патролираат дури 30.0000 вакви летала, а тоа значи дека ќе има многу работа за оние кои ќе знаат да управуваат со нив.

– Дизајнер на отпад – Во развиените земји рециклирањето на сметот е оддамна пракса. Но, стручните лица сметаат дека до 2030 година, ќе се развие производството на украсни предмети и облека од рециклиран материјал, па затоа идните дизајнери не треба да бидат загрижени.

– Архитект и пејсажист на виртуелната реалност – Кој вели дека виртуелните очила наречени „Околус Рифт“ треба да служат само за играње на игри? Архитектотот Џон Бручуд, ги користи за изработка на различни 3Д цртежи, кога работи на реставрирање на ѕидни украси. Тој смета дека оваа и сличните технологии ќе ги променат границите на архитектурата и ќе им овозможат на неговните колеги да креираат вештачки пејсажи во кои ќе можеме да уживаме во блиска иднина, без да се станува од удобните фотелји во домот.

Exit mobile version