ФОТО: Пропаѓа базенот во домот на АРМ

Некогаш центар во кој кичевчани се разладувале и забавувале на летните горештини, место на кое многумина се навраќаат со носталгија, а денес рушевина полна со ѓубре. Жално изгледа базенот во домот на АРМ. Требаше толку малку за да се прилагоди повторно да работи, но тоа не се случи. Сега е оставен на забот на времето.

Се полни еднаш годишно и тоа со страв да не се испразни веднаш, тогаш кога се фрла крстот за Богојавление – Водици. Којзнае дали догодина и ќе има можност и за тоа да послужи. За жал, и ние кичевчани само тој ден и помислуваме на него, дека еднаш имавме убав базен.

Посебен куриозитет на сликиве е „вовчето“ во базенот. Тоа „не го може секој“…

Како и да е, останува надежта кај сите дека ова место еден ден повторно ќе го врати стариот сјај. Дотогаш ни останува да ги гледаме овие грди слики. Благодарност за фотографиите до Hometown Kicevo што не потсети што имавме.

Exit mobile version