Утре протестен собир пред Општина Кичево

Утре во 11 часот на протест пред зградата на општина Кичево ќе излезат луѓето кои минатата недела беа отпуштени од страна на новите градски власти на чело со градоначалникот Фатмир Дехари. На протестот ќе биде изразено незадоволството од последните отпуштања по етничка линија.

Минатата недела беа отпуштени работници вработени со договор на дело  со образложение за превработеност иако во пожарната има потреба од пожарникари. Беа отпуштени исклучиво Македонци иако со договор има и Албанци.

На протестот покрај отпуштените, во знак на солидарност ќе излезат и нивните роднини, пријатели и солидарни граѓани на Кичево.

Exit mobile version