Прва второлигашка победа за екипата на Зајас
Во петтото првенствено коло екипата на Зајас ја извојува првата второлигашка победа. Зајас-Локомотива 4:1(2:1)
Триумфот го најави искусниот Исмаил Исмаили кој во 12 минута по една подолга акција ја затресе мрежата на гостите.Во 33 минута од околу 20 метри Небиу со силен и прецизен удар го зголеми водството на Зајас на 2:0.Во 39 минута екипата на Локомотива намали на 2:1 со голот на Ниотис од десетина метри.
Само што започна второто полувреме трет гол за Зајас.По скратениот корнер кој го изведе Османи, Шаќири беше највисок во букетот играчи и со глава ја затресе мрежата на Ивановиќ.Конечниот резултат од 4:1 го постави младиот В.Исмаили, кој по една колективна акција на домашните напаѓачи од 20 метри со еврогол ја круниса одличната игра на неговата екипа.Ако се суди според овој натпревар, екипата на Зајас ја очекуваат подобри денови во понатамошниот тек од првенството.
Текст и фото: Зоран Антоски