Пукано е врз владата на Република Македонија

Две детонации се слушнале во близина на Владата на Република Македонија, информираат од Министерството за Внатрешни работи. Два проектилa се испукани на зградата на Владата на Република Македонија во Скопје. Едниот завршил во покривот, а другиот во страничната фасада. Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот и истиот бил пријавен во МВР.

-По неколку часа, на фасадата на зградата во која е сместена Владата на Р. Македонија пронајдени се два забиени проектила, информираат од полицијата.

Извршен е увид, проектилите се подигнати и предадени на вештачење.

 

Exit mobile version