Започна Рамазанскиот пост

Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Бог и правење добри дела. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

Рамазан е празник кој секоја година се поместува за 10 дена напред. По рамазанскиот пост следува Рамазан Бајрам, кој оваа година паѓа на 15 јуни и се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.

Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник.