Врие во Медитеранот – Русија го испрати „убиецот на носачи на авиони“

Рускиот ракетен брод „Москва“, од составот на Црноморската флота, се упати кон источниот дел на Средоземно Море, наместо кон островската Република Зелен ’Рт, како што беше претходно планирано, објави денеска неименуван руски воено-дипломатски извор.

Бродот за кој се наведува дека од НАТО го добил името „убиец на носачи на авиони“ би требало да стигне до одредиштето за десетина дена, кога неговиот командант адмирал Валериј Куликов би требало да ја преземе оперативната команда над руската флота во Средоземно Море, што моментално се врши од бродот „Адмирал Пантелејев“, пренесува Танјуг.

Русија пред два дена од пристаништето во Севастопол кон сириското крајбрежје во Средоземно Море го испрати разузнавачкиот брод „Приазовје“, додека американскиот носач на авиони „Нимиц“ заедно со уште четири брода од воената флота на САД впловија во Црвеното Море.

Exit mobile version