Реконструкцијата на патот Гостивар – Кичево ќе заврши до крајот на август

Реконструкцијата на патот Гостивар – Кичево треба да заврши до крајот на август годинава, а на патот  кон Тетово наредните 20 дена, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието, Сугарески истакна дека е многу важно проектите да се спроведат квалитетно, а не, како што нагласи, само да се фрли асфалт.

Според министерот, патниот правец Гостивар – Тетово е крупен проект кој треба да се реализира во неколку фази, а ќе чини над 100 милиони евра. Средствата ќе бидат обезбедени од ИПА и од Европската банка за обнова и развој. Веројатно со неговото спроведување ќе се почне во 2019 година. 

Exit mobile version