ФОТО: Продолжуваат работите за реконструкција на кичевскиот водовод

Деновиве беше извадена коцката во централното градско подрачје по должина на улицата „Александар Македонски“ каде започнуваат работите за реконструкцијата на водоводот на овој потег.

Ова е нова фаза од реконструкцијата на стариот кичевски водовод со кој ќе се обезбеди поголем квалитет во водоснабдувањето на кичевчани.

Досега беа приклучени неколку населби кои добиваат вода од новиот современ водоводен систем.

Exit mobile version