Резултати од акцијата за собирање на пластичен отпад во Кичево

Елизабета Ристевска, координаторката на проектот за воведување на примарно селектирање и собирање на ПЕТ пласични шишиња во градското подрачје на Кичево, презентираше дека се собрани 2.224 килограми ПЕТ отпадна амбалажа, со што се заштедени 4.226 литри сурова нафта и 5.560 килограми помалку емисија на јаглерод диоксид во воздухот.

Проектот што траеше од први јануари минатата година до 30 април годинава, беше спроведен од страна на Здружението Центар за развој на заедницата во Кичево, со финансиска помош на Глобалниот еколошки фонд – Програма за мали грантови на Македонија. Ристеска рече дека целта на проектот бил едукацијата и подигнување на свеста кај учениците, родителите, но и на сите граѓани на Кичево, колку е значајно од еколошки аспект да се собере, селектира и рециклира ПЕТ пластичниот отпад.

– Формиравме два тима од по двајца едукатори од мешан етнички состав, планиравме и успеавме да ги вклучиме сите пет училишта од градското подрачје. Од собраните и продадени 58.500 пластични шишиња е остварена финансиска корист од 16.6000 денари, од кои 70% за училиштата, а 30% за Центарот за развој на заедницата во Кичево, наведе Ристеска.

Овој проект ќе продолжи и понатаму, но без финансиска поддршка на фондот. Новина е тоа што за проектот пројавиле интерес да се вклучат и училиштата од руралните средини на Кичево, што потврдува дека целта е остварена.