Русите ќе го покажат најновото вооружување на парадата на 9-мај (ФОТО + ВИДЕО)
Тенкови, авиони, ракети, оклопни возила, дронови… и сето тоа од последната генерација ќе бидат дел од големата воена парада која секоја година, традиционално на 9-мај, се одржува на Црвениот плоштад во Моска, по повод победата над фашизмот.
Русите имаат со што да се пофалат и оваа година. На парадата ќе се најде и најновата хиперсонична ракета „Кинжал“ (нож) која на јавноста и беше презентирана во март лично од претседателот Владимир Путин како едно од најсовремените оружја кои се произведуваат во Русија. На 9 мај, 2 авиони пресретнувачи МиГ-31 ќе прелетаат на небото над Москва носејќи ја оваа ракета.

Прототип на авионот од петта генерација Су-57 во „пиксел“ варијанта ќе се најде на програмата на воената парада. Овој авион во иднина би требало да стане костурот на военото воздухополовство на руската армија.

Неизоставен дел ќе бидат и помалку модерните, но ефикасни Су-30 и Су-35с кои ќе поминат во формација над Црвениот плоштад.

Стратегиската авијација е презентирана со Тупољев Ту-160, суперсоничен стратегиски бомбардер кој ќе следи Иљушин Ил-78 воздушен танкер во позиција на полнење со гориво.

Квартет од четири Мил Ми-28Н хелихоптери „Ноќен ловец“ исто така ќе земат учество на големата парада.

Презентацијата на копнената воена опрема ќе се одржи во вторник навечер за да не предизвика сообраќаен метеж на улиците на Москва. И покрај тоа, интересот за да се видат единиците кои ќе маршираат и воената механизација која ќе парадира.

Меѓу останатата опрема, големо внимание годинава привлекуваат новите дронови Катран и Корсар.

На парадата свое место ќе имаат и борбените возила кои често се гледаат на снимките на руската војска од Арктикот како БТР-82А и камионот Камаз обоени во препознатливи снежни варијанти.

Тука е и Тор-М2ДТ противвоздушен систем со среден дострел во Арктичка варијанта монтиран на ДТ-30 платформа.

Останатиот дел од презентацијата на воена техника е, од тенкот Т-14 Армата па се до лансерите Искендер. И секако, тука е возилото во кое руските инженери полагаат голема надеж, БМПТ Терминатор, како поддршка на тенковските единици.

И секако, неизоставен дел е најубавиот дел од армијата. И не помалку опасен
