Русите ќе го покажат најновото вооружување на парадата на 9-мај (ФОТО + ВИДЕО)

Тенкови, авиони, ракети, оклопни возила, дронови… и сето тоа од последната генерација ќе бидат дел од големата воена парада која секоја година, традиционално на 9-мај, се одржува на Црвениот плоштад во Моска, по повод победата над фашизмот. 

Русите имаат со што да се пофалат и оваа година. На парадата ќе се најде и најновата хиперсонична ракета „Кинжал“ (нож) која на јавноста и беше презентирана во март лично од претседателот Владимир Путин како едно од најсовремените оружја кои се произведуваат во Русија. На 9 мај, 2 авиони пресретнувачи МиГ-31 ќе прелетаат на небото над Москва носејќи ја оваа ракета.

МиГ-31 со ракета Кинжал. © Владимир Сергеев / Спутник

Прототип на авионот од петта генерација Су-57 во „пиксел“ варијанта ќе се најде на програмата на воената парада. Овој авион во иднина би требало да стане костурот на военото воздухополовство на руската армија. 

Сухој Су-57, авион од петтата генерација. © Владимир Сергеев / Спутник

Неизоставен дел ќе бидат и помалку модерните, но ефикасни Су-30 и Су-35с кои ќе поминат во формација над Црвениот плоштад.

Су-30с and Су-35с во формација. © Григори Сисоев / Спутник

Стратегиската авијација е презентирана со Тупољев Ту-160, суперсоничен стратегиски бомбардер кој ќе следи Иљушин Ил-78 воздушен танкер во позиција на полнење со гориво.

Иљушин Ил-78 танкер и Тупољев Ту-160 стратегиски бомбардер. © Илија Питалев / Спутник

Квартет од четири Мил Ми-28Н хелихоптери „Ноќен ловец“ исто така ќе земат учество на големата парада.

Мил Ми-28Н борбени хелихоптери. © Илија Питалев / Спутник

Презентацијата на копнената воена опрема ќе се одржи во вторник навечер за да не предизвика сообраќаен метеж на улиците на Москва. И покрај тоа, интересот за да се видат единиците кои ќе маршираат и воената механизација која ќе парадира.

С-400 Триумф, против-авионски ракетен систем со голем дострел. © Рамил Ситдиков / Спутник

Меѓу останатата опрема, големо внимание годинава привлекуваат новите дронови Катран и Корсар.

Јуришен дрон, Корсар. © Владимир Астапкович / Спутник

На парадата свое место ќе имаат и борбените возила кои често се гледаат на снимките на руската војска од Арктикот како БТР-82А и камионот Камаз обоени во препознатливи снежни варијанти.

ТТМ 1901-40 возило за снежни услови носено од камион Камаз © Александар Вилф / Спутник

Тука е и Тор-М2ДТ противвоздушен систем со среден дострел во Арктичка варијанта монтиран на ДТ-30 платформа.

Арктичка варијанта на Тор-М2ДТ противавионски ракетен систем © Александар Вилф / Спутник

Останатиот дел од презентацијата на воена техника е, од тенкот Т-14 Армата па се до лансерите Искендер. И секако, тука е возилото во кое руските инженери полагаат голема надеж, БМПТ Терминатор, како поддршка на тенковските единици.

БМПТ Терминатор. © Евгениј Бијатов / Спутник

И секако, неизоставен дел е најубавиот дел од армијата. И не помалку опасен

Женски регрути во Руската армија, подготовки за Денот на Победата © Илија Питалев / Спутник

 

Exit mobile version