Шојгу: Руски авиони во редовна патрола над Мексиканскиот Залив

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека руската војска ќе врши редовни патроли со стратешки бомбардери од Арктичкиот Океан до Карибите и Мексиканскиот Залив.

Изјавата на Шојгу е дадена по острата реакција на НАТО поради руските воени летови над Црното, Балтичкото и Средоземното море.

– Во сегашната ситуацијата ние мораме да одржуваме воено присуство во западниот Атлантик и источниот Пацифик, како и над Карибите и Мексиканскиот Залив, рече Шојгу