Демирхисарска џип турнеја: Рускиот педесетгодишник ги посрамоти европските тешкаши

Најголема атракција на II – та традиционалната демирхисарска џип турнеја „По врвиците на демирхисарските ослободители“ беше рускиот теренец ГАЗ 69.  Рамо – до рамо, на малото атрактивно ревијално возење по тежок терен  што ја приредија најхрабрите и највештите возачи со своите модерни теренци, им се приклучи и овој „старец“ кој ја демонстрира својата моќ и без проблеми ги совлада сите препреки. Како и останатите 60 – ина теренски возила од најразлични типови, и овој „крш“,  без никакви проблеми ги помина 60 – те километри тешко прооден и полн разновидни препреки планински пат од Демир Хисар, преку манастирите Свети Илија кај Лесково, Свети Петар кај Смилево, месноста „Еврејка“, до Илинска Црква.

„ГАЗ“ – от е произведен во 1963 година, каросериски е прилично „опаднат“, но кондиционо се уште се држи прилично моќно и жилаво – со одважност и гордост вели неговиот сопственик  кој не криеше дека, моќноста на овој педесетгодишен труски олдтајмер ја прават поголема четирите тракторски гуми кои што практично го прават несопирлив во било какви услови на патот.

Инаку, според некои официјални автомобилски белешки, првиот теренец од руската серија ГАЗ – 69 е произвден во 1953, а од 1954 до 1972 година, се изработува под нова ознака УАЗ, а по по оваа лиценца, од 1957 до 1975 година го произведувал и румунскиот АРО.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Втора Демирхисарска Џип турнеја

Exit mobile version