Заменик – министерот Сајкоски на форум за климатски промени

Заменикот министер за локална самоуправа Горгија Сајкоски учествуваше на Форумот за проценка на локалнтата акција за справување со климатските промени.

– Неделава во Вардарскиот плански регион, со поддршка на УНДП е отворено заедничко одделение за енергетска ефикасност на општините од овој плански регион.    Грижата за животната средина и справувањето со климатските промени се во тесна врска со нашата подготвеност, како држава рационално да ја користиме енергијата, пред се од обновливи и незагадувачки извори. Улогата на локалните власти е голема пред се како менаџери на голем број јавни објекти кои што користат енергија за затоплување и осветлување и како поттикнувачи на локалниот економски развој преку создавање на услови за производство на енергија од алтернативни извори, рече заменикот министер Сајкоски.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаким Адеми се осврна на директивите на Европската Унија за чие спроведување Република Македонија има превземено обврска, како и кон имплементацијата на Резолуцијата на ООН за климатски промени.

Претставничката на УНДП во Република Македонија се повика на резултатите од направените анализи кои што укажуваат дека во Вардарскиот плански во наредните четириесет години постои потенцијал од зголемување на температурата за 4-5 степени целзиусови што би можело да влијае на намалување на родот на грозјето од 32 проценти.

Exit mobile version