Само победа над Турново го остава Напредок во живот

Иако против себе ќе има исклучително квалитетен противник предводен од феноменалниот Дејан Блажевски,екипата на Напредок ќе мора да даде 110 посто од своите можности, за да го добие овој натпревар,бидејќи пораз или нерешен резултат, би значел чекор назад и збогување од прволигашкото друштво уште во првата третина од првенството.
Тренерот Михајлов ќе изведе исклучително офанзивна формација со два шпица, што е уште еден доказ дека на овој меч ќе се оди на се или ништо.
-И покрај огромниот играчки потенцијал на екипата на Турново, сепак овој натпревар за нас е без алтернатива и само победа не остава во игра за опстанок во Првата лига.Независно од силината на нашиот противник, уште од првата минута ќе го нападнеме Турново, и ако во првата половина од натпреварот оствариме резултатска предност ,тогаш не се сомневам дека и на крајот ќе се радуваме-најави напредоковиот стратег, Горазд Михајлов.
Зоран Антоски
Exit mobile version