Самоил Јаковлески предводник на коњаницата од Бигорскиот Манастир до Крушево

Коњаниците го примаат благословот од Бигорските монаси

Според традицијата и годинава, после чинот на полагањето  на заклетвата која коњаниците ја извршија пред  кама и пиштол. Учесниците на Илинденскиот марш 2013„ Патот на црешовото топче “ од Бигорски Манастир до Крушево, од страна на надвојводата Мане Јаковлески го дознаа името на предводникот на коњаницата Самоил Јаковлески ,од село Зубовце гостиварско.

Пред самото тргнување коњаниците го примија благословот на монасите од Бигорскиот Манастир, кои им посакаа среќен пат и добро здравје. Вечерва коњаниците ќе ноќеваат на бачилото Салтаница на планината Бистра.,а утре околу 17 часот преку Пашиница треба да пристигнат во манастирот Св. Ѓорѓија во Кнежино, каде и ќе ноќеваат.

 

Зоран Антоски

 

Exit mobile version