Шарпланинецот „Мечо“ апсолутен победник на изложбата во Кичево

На саботната  изложба на кучиња од сите раси што се одржа во Кичево, апсолутен победник е шарпланинецот„ Мечо“ на сопственикот Драган Стојаноски  , роден кичевчанец  на работа  во Скопје.

Второто место во апсолутна категорија го освои англискиот бул териер на Ване Радески, а на третото место се пласира францускиот булдог на Стефан Кирков. За кучиња со старост до 18 месеци првите три места им припаднаа на  кучињата од следните раси ,американски статфордски териер, лабрадор ретривер и  шарпланинец. Инаку кучињата беа поделени во 10 групи. Оваа изложба втора сезона по ред одлично ја организира кинолошкото друство Ав-Ав од Кичево.
– Ова е наша десета титула освоена во изминатите осум години.На сите изложби каде сме учествувале задолжително сме се враќале со прво или второ место – рече сопственикот на шампионското куче, Драган Стојаноски.
Зоран Антоски
Exit mobile version