„Се е баш добро маче“ во Кичево

Битолската атракција „Солзи и смеа“ во четврток (23 мај), гостува во Кичево со комедијата „Се е баш добро маче“.

Претставата ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево. Влезот е 100 денари.

Гостувањето во Кичево е дел од турнејата која, покрај Кичево, ќе ги опфати и Охрид, Прилеп, Штип, Гостивар, Струмица и Скопје.

Театарската група „Солзи и смеа“ стана доста популарна по кратките хумористични скечови кои можеше да ги види на YouTube почироката македонска јавност изминатите неколку години.