Шутово: Се истепале со дрвени палки, двајца завршиле во болница

Во полициската станица во Осломеј во неделата бил пријавен потежок инцидент при што интервенирала полицијата.

Имено во село Шутово пред куќата сопственост на М.А. со патничко возило дошле В.Џ.(51) и неговите синови Ш.Џ.(25), Ш.Џ.(22), Р.Џ.(27) и К.Џ.(29) сите од истото село, при што со употреба на дрвени предмети ја оштетиле влезната врата од куќата, а потоа физички го нападнале синот на М.А., Ф.А.(17) и неговиот братучед А.А.(25).

При обид да бидат раздвоени, физички ги нападнале и останатите членови на семејството, при што со повреди се здобиле Ш.Џ.(25) на кого му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево и Ф.А. на кој му е укажана лекарска помош во Медицински центар Битола.

Учесниците во тепачката се приведени во Полициската станица во Кичево, при што е утврдено е дека истите од претходно имале недоразбирања и нарушени меѓусебни односи и по целосно расчистување и документирање на случајот  ќе биде поднесен соодветен поднесок.