По неуспехот против Реал, се огласи голманот на Баерн

Голманот на германскиот шампион Свен Улрих синоќа направи голема грешка на почетокот на второто полувреме и му овозможи на Реал да дојде во предност од 2:1.

Улрајх се огласи на својот Инстаграм профил, каде напиша дека зборовите не можат да опишат колку е разочаран што се елиминирани во Лигата на шампионите.

-Реално, нашата цел беше да стигнеме до финалето и дадовме се од себе. Потоа, дојде таа непотребн грешка од моја страна. Не можам да го објаснам тоа. Навистина многу жалам. Жалам за мојот тим и за фановите, – гласи пораката која ја испрати несреќниот Улрих.