Се преврте минибус со деца на патот Кичево – Гостивар

Шест лица меѓу кои две деца се повредени кога минибусот со кој патувале од  Кичево кон Гостивар излетал од патот и се превртел. Сите се згрижени и се надвор од животна опасност.

Според СВР Тетово, незгодата се случила утрово околу 6 часот на магистралата Кичево-Гостивар во непосредна близина на мостот до селото Сретково.

Возачот Ш.Ж. (40) изгубил контрола, најверојатно поради неприлагодена брзина на условите на патот.

Штетата на возилото, сопственост на фирмата „Еуробус”, е  над 200 илајди денари.

Exit mobile version