Се реагира најбрзо за Кичево да добие струја

padnat-dalnovod

Во  Кичево целиот град е без напојување со електрична енергија. Причинети се повеќекратни дефекти во високонапонската мрежа. Од она што го видов на терен и од разговорите со раководните луѓе на ЕВН и МЕПСО можам да кажам дека во моментот се презема се што е потребно за нормализирање на ситуацијата, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски, кој заедно со генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов денеска го посетија кичевскиот регион, кој е погоден од обилните врнежи.

132491422

Пешевски додаде дека корекцијата ќе се одвива во две фази, прво ќе се обезбеди алтернативно напојување, од две страни на 35-киловолтните далекуводи. – До вечер се очекува едното алтернативно напојување, една половина од градот да добие електрична енергија, а втората половина неколку часа подоцна. Очекуваме да се обезбеди напојување на 110 киловолтната мрежа со што од страна на Сопотница целосно ќе се реши проблемот со напојувањето на градот, рече Пешевски.

132491423

Тој најави дека во наредните два дена ќе настапи санирање на главниот дефект на далекуводот од Кичево до Осломеј. – Се што е потребно во овој момент се прави, се реагира најбрзо што се може. Сите екипи се на терен, лично се уверив во тоа, така што последиците од природните стихии на невремето не можат секогаш да се избегнат, но наша задача е како Влада да се грижиме за граѓаните и заедно со службите да се направи се што е можно на брз и професионален начин. Тоа и ќе биде направено, истакна Пешевски.

132491424

Наредните денови, додаде, може да се очекуваат слични ситуации и во останатите делови на државата, но ние, како што рече, ќе бидеме максимално подготвени со сите соодветни органи да реагираме и проблемите да ги отрануваме колку што е можно побрзо.

Директорот на МЕПСО појасни дека Кичево се напојува од две страни на високонапонската мрежа и оти главниот дефект е случен на далноводот Кичево-Осломеј каде се паднати два столба. – Веќе се преземени мерки и за нивна замена со нови столбови. Од друга страна Кичево напојувањето го обезбедува и од далноводот кон Сопотница на кој исто се регистрирани неколку дефекти. Таму реконструктивните зафати се при крај. Санирани се оштетените објекти и очекуваме исто така тоа да биде надминато. Со воспоставување на таа врска меѓу Кичево и Сопотница елекстроснабдувањето на Кичево ќе биде обезбедено, истакна директорот Спасов.

132491421

И екипите на ЕВН работат на санирање на две 35-киловолтни врски и тоа, како што посочи Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН, е обид делови и градот Кичево што поскоро да добијат напојување со електрична енергија.

132491420

– Очекуваме во доцните вечерни часови во Кичево да имаме нормализирање со електроснабдувањето. Доколку добиеме од една страна напојување преку 110 киловолтната врска тогаш може да се очекува во доцните вечерни часови Кичево да има нормално електроснабдување, рече Гиевски.

Инаку, Кичево и околните села без електрична енергија се од раните утрински часови.

Пешески и Спасов за време на престојот во Кичевско, ја посетија трафостаницата на МЕПСО на влезот од Кичево, на патот кон спортско-рекреативниот центар „Крушево“ во близина на железничката станица, по што остварија средби со локалното население.