Се реновира старата градинка „Олга Мицеска“

Детската градинка „Олга Мицеска” во Кичево се реновира, со цел да се овозможат подобри услови за престој на децата.

– Почнавме со внатрешниот дел на објектот и тој скоро во целост е реновиран. Набзо ќе започнеме и со надворешното реновирање на објектот, како и хортикултурно средување на дворот на градинката. Планираме со помош на општината наскоро да градиме и паркиралиште за потребите на родителите кои сега се принудени од подалеку да ги носат децата преку улица немајќи соодветно место за паркирање, рече Садик Ахмети, директор на градинката.

Градинката „Олга Мицеска” е единствена градинка која функсионира во Кичево и таа ни од далеку не ги исполнува потребите на кичевчани кои  се принудени да чекат ред за да ги згрижат децата во ова установа.

Наскоро во Кичево се очекува да биде пуштена во употреба и ново изградената градинка во населба „Пашино” која се планира од септември кога ќе почнаат новите уписи на децата да започне со работа.

Exit mobile version